Заповеди на интелектот и неговиот ефект

Заповеди на интелектот и неговиот ефект 2000-03-25

Location
Talk duration
62'
Category
Public Program
Spoken Language
English, Hindi

Current language: Macedonian, list all talks in: Macedonian

The post is also available in: English, Hindi.

Public Program, Hamari Atma kya chij hai, New Delhi 25-03-2000

Пред Вистината, Трагачите по вистината, се поклонувам пред сите трагачи по вистината.

Досега не знаевме дека немаме само „вистина”. Она што нашиот интелект го сметаше за совршено, ние го прифативме како „вистина“ Бидејќи беше заведен, мозокот почна да оправдува се што сме направиле. Добро е, корисно е, само ова треба да го правиме. Човекот се оддалечи од вистината. Откако се оддалечи, непознато е во која провалија паднал. Кога ќе го видат ова, луѓето размислуваат- како ли се случи ова? Како дојде до ваква ситуација? Мудроста што човекот ја има, зошто таа мудрост се претвори во глупост? Она што требаше да се претвори во мудрост стана глупост. А таа глупост резултираше со такви нешта кои ниту нему, ниту на другите не им носат среќа.

Понекогаш стануваме нервозни, кога ќе помислиме што е ова што се случува? Се случува крвопролевање и секаков вид насилство. Дури и децата не се поштедени. Многу изопачености се разбудија во нас. Имајќи го тоа во предвид, можам да кажам дека тоа е екстремна “калијуга”. Ова е екстремна граница на “Калијуга”, Во светите списи не се ни спомнува дека ќе дојде такво време. Мислам дека тие зборуваат за поедноставни нешта. Дека луѓето повеќе нема да имаат оброци во чинии од месинг, туку во метални чинии. Мислам дека многу такви формалности се напишани таму. Но, сцената пред нас е ужасна и тажна.

После ова, треба да се каже, човек не го нашол својот пат. Marathi Колку далеку одлутал човекот? Тој не може да добие среќа. Во потрагата по среќата, човекот трча по погрешни работи. Ова е наречено 'Mrigh Trishna' (Длабока жед). На овој начин, откако лутал тука и таму, човекот потонал во длабока темнина. Тој дури не знае дека она што го прави е дело на злото. А резултатот од делото на тоа зло, ќе го добие тој, како и другите. Таквите работи толку пораснале така што човекот не разбира каква ќе биде судбината на овој свет. Има толку прашања во нашата земја.

Има толку прашања и во другите земји. Погрешно е да се мисли дека странците се во право. И тие се зафатени со потрагата. Во таа потрага сакаат да откријат како да достигнат состојба за да можат да достигнат берем состојба на хуманост. Каков и да е резултатот, човекот добива разочарување. Се чувствува ужасно депресивно. Се прашува што може да се направи? Ова ќе продолжи. Не може да се поправи. Во вакви прилики теба да се сетиме дека светците имаат кажано ,"Барајте го тоа само во внатрешноста на своето битие."

Се е во внатрешноста на твоето битие. “ Kahe Re Ban Khojan Jai, Sada Niwasi, Sada Alepa, Tohe Sang Smai”. Кој е тој? Што е тоа што го кажале сите светци во Индија, Во странските земји , во сите религии. Има толку многу погрешни претстави во религиите, што луѓето заборавиле дека треба да го бараме она, кое што е во нас самите. А во нас самите е нашиот дух. Во секое човечко битие, овој дух е во потполно жива состојба. Овој дух е рефлексија, (одраз) на Бог во нашето срце. Тоа сите го имаат кажано. Секој кажува дека тој дух е таков.

Но луѓето велат „Мајко, не знаеме дека има нешто такво“. Сега, дојде вашето време да дознаете што е нашиот дух, нашето внатрешно битие? И како можеме да го дознаеме тој дух? Овој дух како недопрен, гледа сè одвнатре. И ја обвива сопствената светлина во себе. Тој дури не ни предупредува каде правиме некоја грешка, Бидејќи нашата мудрост ја менуваме во зло. И не можеме да видиме дека правиме нешто погрешно. Правиме секаков вид погрешна карма. И мислиме дека сме прекрасни луѓе. На овој начин ја губиме моќта на разумност.

Сега, треба да го постигнеме овој дух. И како можеме да го постигнеме овој дух? Ова треба да се разбере. Само за ова, неговиот распоред е внатре во вашето тело. Нема потреба да одиме надвор. Во нашата триаголна коска се наоѓа сила наречена „Кундалини“, Божествена сила и кога таа е разбудена Ги пробива шесте чакри и последна од сите, ја пробива Брамхарандра се придружува на вечната моќ (Сукшм шакти) која што е Божествената љубов на Семоќниот Бог. Така е напишано во нашите Свети списи, но никој тоа не го следи. Многу светци од нашата земја отидоа во други земји. Се чувствувам Machinder Nath, Gorukh Naath Сигурно имаат заминато, бидејќи оние кои се во Боливија знаат се. Тие ги знаат имињата на чакрите и зборуваат за будењето на Кундалини.

Ова го открив и во Русија. Тоа го гледам насекаде во првобитните слики. Без оглед какви се сликите, во нив се направени чакрите . Ако отпатувате малку ќе се изненадите, од каде го знаеле сето ова? И како го знаеле и кој им го има кажано? Од нашава земја, заминале некои светци таму, така велат . И така рекоа. И нам ни кажаа исто така. И тие исто така го напишаа тоа, дека во тебе има таква Кундалини. Дури и толку, што овие Нат Пантис не кажале никому за тоа.

Затоа што би помислиле дека ако го дадат ова знаење на некој друг, Луѓето може да го користат за некаква цел Што ќе прават, а што не? И тие се оние што ги читаат овие работи, ги рашируваат сите бескорисни поими за целиот свет. И го направија тоа извор на заработка на пари. Значи, тие сигурно мислеле дека тоа не треба да им биде дадено на обичните луѓе. Но, тоа е напишано во книгите во XII век. Гјанешвар џи дојде и го праша својот Гуру „Ве молам дајте ми дозвола. Сакам да пишувам за тоа (кундалини) во мојот Гјанешвари“. Тој напиша за тоа во шестото поглавје. Но во негово време Било можно луѓето да заработуваат пари во име на духовноста. Па поради тоа тој кажал, тоа (6-та глава) е забрането, бескорисно е да се чита, доколку тоа не е возможно за секого.

Неодамна слушнав предавање на еден голем светител. Бев толку изненадена, како тој го направи тоај? Како можеше? Нема да го разберете лесно. На некој начин измамува дека сите сте 'ПРАВРИТИ МАРГИ'. Вие не сте 'НИВРИТИ МАРГИ'. „ПРАВРИТИ“ значи, вашата активност да дејствувате тука и таму, вие сте тоа. Сега кажете ми! И сите велеа „Да, да“. А вие не сте 'НИВРИТИ МАРГИ'.

Не одете во Гијан Марг, бидејќи Сахаџа Јога е Гијан Марг. Вие ги следите вашите сопствени патишта и им служите на вашите гуруа. Давајте им пари, правете им го ова, правете го тоа. И луѓето се согласија. Ако некој некому каже, „ти не си Ниврит Марги“. На некој начин, тоа е како да го злоставува (заведува). Но, ако некоја личност не знае Санскрит што и да му кажат е ок. Ни направија нешто. „Праврити“ значи трчање по погрешни работи. Па јасно кажаа, им служите на сите гуруа.

Добивате вреќа со статуи и им се поклонувате на нив. Сега седат од 4 часот и прават. Направете го овој пост, направете го ова покајание Ни препишаа толку многу ритуали И со нив не ограбија. Не можевме ни да разбереме зошто го правиме тоа? Која беше потребата? Нашите баба и дедо го правиеле тоа и ние истото го правиме. И Мохомад Сахаб исто така многу јасно рече „Престанете да ги обожувате статуите“. Бидејќи, не се знае кој ги направил овие статуи, и зошто ги направил? Но, прашајте ги, зошто во Мека побара од нив да се обиколат околу црн камен? Која беше специјалноста на тој камен?

Што имаше во тој камен? Тој би ги замолил луѓето да не обожаваат статуи но зошто би ги натерал луѓето да кружат околу овој камен? Причината беше тоа што во Мека има Мечешвар Шив. Тој е Шив. „Мекашвар“ е Шив. Но, како ќе дознаете дека тоа е Мекашвар Шив? Како ќе дознаете која статуа е свамбу? Има инструмент во вас. Поради оваа причина, кога кундалини ќе се разбуди преминуваjќи низ шесте чакри, кога ќе стане едно со онаа „Божествена енергија“ која е насекаде околу нас тогаш, вибрациите течат во самите вашите „раце“. „Твоите раце ќе зборуваат“ што е вистина, а што невистина?

Таков прекрасен аранжман веќе постои. Нема потреба да се договорите. Сега твоите раце зборуваат, значи дека твоите раце знаат. Исто така Мохамед сахаб има кажано дека кога „Кијама ќе биде таму, ќе зборуваат твоите раце“. Кијама дојде. Сега земете го. Дали некој чита или не, не знаеш. Кога ќе зборуваат твоите раце, ќе дознаеш од рацете. што е погрешно, што е правилно, а што вистина? Сега ако некој каже, што е посебно во Мека?

Ставете ги рацете кон Мека. И набљудувајте. Оние кои се Сахаџа јоги, можат да видат колку вибрации има таму. Значи, што е вистина, а што невистина, можете да знаете преку вашите раце. Има прекрасен аранжман. Целиот инструмент е толку прекрасно вграден во нас. И кога ќе се направи овој аранжман, кога ќе го добиете, толку е изненадувачки што вашите сопствени грешки се раствораат. Влегувате во друг свет. Страста, лутината, приврзаноста, егото, љубомората и алчноста вашите непријатели бегаат од вас. Сега, изненадувачки е што кога имавме програма на првиот ден во Англија таму дојдоа шест наркомани.

Тие би сакале да се дрогираат. Но, вториот ден тие се исчистија. Беше многу изненадувачки. Како се случи тоа? Тие рекоа: „Не знам. Но, сега не ни се допаѓа, не сакаме да го гледаме тоа“. Тие само се трансформираа само во многу добри луѓе. Применуваат и работат многу (за Сахаџа јога). Значи, ова што е кажано, да се добие само-реализирање значи да се спознае „сопственото јас“. Аранжман за тоа е направен во нашето битие, како да има некој голем Божествен инструмент во нашето битие.

Или, можеме да кажеме дека во нас е инсталиран механизам. А кога ќе стане функционален, кога ќе почне да работи, тогаш само доживувате многу чуда за себе. Алкохоличари се откажуваат од пиење алкохол. многу зли луѓе се откажале од својата злоба. Отидов во Толјати. Таму беше шефот, Дон на мафијата. Тој дошол на Сахаџа јога. Реков: „Тоа е чудо. Како тој дојде во Сахаџа јога“? Ми рекоа „Мајко, тој стана сахаџа јоги и сака да те види“.

Тој дојде и беше толку скромен. И рече: „Мајко, направив многу гревови. Дали ќе ми биде простено или не, те молам кажи ми?“ Реков „Што зборуваш“? Гревовите што ги направи сега се завршени, биле во минатото. Денеска ти зборувам за сегашноста. Таа работа сега е завршена, а што си ти сега во сегашноста? Колку си се трансформирал, ти самиот види. Потоа, тој толку многу ни помогна, многу ни се восхитуваше. На некој начин, тоа беше толку изненадувачки како овој водач на мафијата се трансформирал. Како тој го прифати ова?

Ова му се случило. Не му одржавме никакво предавање ниту да му објасниме, ниту да му кажеме нешто. Тоа се случува. И многу е важно ова да се случи во оваа Калијуга. Затоа што, човекот се трансформира. И кога личноста ќе се трансформира ттолку многу се прочистува, станува прекрасна личност. Денес, на светот му треба таква трансформација. И оваа трансформација, мислам, треба да ја креирате сите вие Сахаџа јоги. Направив колку што можев, отидов во толку многу земји. Сега треба, оние кои се во Сахаџа јога или ќе се придружат, тие треба да спасат други луѓе.

И да ги трансформираат. Многу луѓе се пренасочија. Значи, тие се пренасочија во име на Бога, во име на Дарма. Тие се пренасочени во име на било што. Кога ќе ги доведете во оваа состојба тогаш гледате, како нивната природа ќе се промени . Тука се вклучени толку многу светилки. Ако овие светилки немаат врска со електричната мрежа, дали може да бидат вклучени? На ист начин, доколку нашата конекција на пример, Мајк не е поврзан со мрежата, нема никаква корист. Иста е нашата состојба дека сме поврзани со таа Божествена сила. А најголемото нешто е што оваа „вистина“ е „љубов“.

Оваа „вистина“ е „радост“ кога вашето внимание е просветлено од светлината на овој Дух. Ако човекот се трансформира, како тоа ќе биде проблематично? Сите проблеми се поради човечките суштества. Кога едно човечко суштество ќе се трансформира, нема да има проблем, нема да има невољи. Значи, треба да мислиме некако колку што е можно, треба така да ја разбудиме и кундалини на другите. И постигнете тоа во ова будење. По достигнувањето гледате, јас видов дека таму нема ниту кавга ниту проблем. Луѓето од која било земја може да доаѓаат од каде било ниту тие создаваат свои Фронтови, ниту креваат знамиња, ништо. Самото запознавање е најголемата радост што ја добиваат. Голема радост е кога се сретнуваат ден со друг.

Културата на нашата нација е дека треба да има братство треба да има мешање со сите. Во секоја работа треба да си помагаме, тоа е нашата култура. Но, тогаш се случија некои чудни инциденти. Земјата се подели на многу секти. Значи, и овде се водат многу спорови. Каде и да погледнеме, има кавги. Каде и да одиме, од едната страна има еден фронт што демонстрира а некаде друг фронт. И преземете кое било прашање, или на овој начин било која работа коалицираат и се препираат. Ова не е знак на хуманост. Дури и животните не прават така, луѓето воопшто не треба да го прават тоа.

Човечкото битие е највисоката категорија што Бог ја создал А Бог направил толку прекрасно, комплетно уредување во нашето битие. Има направено таков аранжман, што можете лесно да го добиете. И за ова не треба да платите пари. Како што, ми рече еден господин „Ќе ти платам еден лак, да ми ја разбудиш кундалини“. Реков: „Господине, ќе ви платам две лаки да го прекинете разговоров“. Затоа што Кундалини не може да ги разбере парите. Кундалини е Божествена енергија во вас. Мора да имате чиста желба. Ако немаш чиста желба, тоа не може да се направи насилно. Парите нема да работат.

Не можете да присилите. Ако имате чиста желба, само тогаш оваа работа може да се заврши. Сега, ниту една од нашите желби не е чиста. Да беше чист, вашата денешна економија немаше да работи. Што е во економијата? Денес, на пример, со голема тешкотија сте изградиле куќа. Тоа нема задоволство. Тогаш сакате автомобил, кој исто така не ви дава задоволство. Ако не добиете задоволство на кој било начин тоа значи дека вашата желба не е чиста. Да беше чиста желба, ќе добиевте задоволство.

Но, има чиста желба само во едно. А тоа е, вашиот сопствен дух треба да има Атма Сакшаткар. Духот треба да биде во вашето внимание. Неговата светлина ќе ви даде, радост, мир и ќе ви даде целосно знаење. Но, пред се ќе ве направи колективен. Во ова, вие станувате колективни. „Колективно“ значи она што мислиме дека сме независни во светот. Во очите на Бога, ние сме во Негова заштита. Тоа е идиотизам на умот дека ние сме супериорни, a тие се од пониска категорија тие се ова, тие се она. Сето тоа е идиотизам на умот.

Денес, гледате, еден господин дојде да ме види. Тој беше началник на Војската на Брегот на Слоновата Коска. Беше толку скромен, толку понизен, што бев изненаденa. Началникот на таа војска дојде кај мене и рече многу понизно „Мајко, те молам дај ја Сахаџа јога на сите луѓе во нашата земја“. Му реков „ОК, ти самиот можеш да ги направиш сите (Сахаџа Јоги). Тој рече: „Јас сум во целосна радост“. Тој се развел од три сопруги. И сега вели: „Се срамам од себе, каков живот живеев. Зошто си го направив животот таков? Не можам да разберам.

Но, сега се променив целосно“. И во мене има толку многу радост, толку многу мир и толку многу задоволство. И сега има 600 сахаџа оги. И сега го прифатија исламот. Ги прашав: „Зошто станавте муслимани“? Тој рече: „Затоа што овие Французи немаат морал. Моралот тотално исчезна. Затоа помисливме, да го прифатиме исламот, за барем моралот да остане на снага“. Реков, во Сахаџа јога сите религии се еднакви. А ти си над сите религии.

Ниту една религија не е непочитувана. Ниту една религија не е пониска или повисока. Напротив, подобро ја разбираш својата религија. Ја разбираш длабочината на својата религија. До сега талкаше. Можете да го добиете тоа што е реалност, за кое што е создадена оваа дарма. Сега деновиве се борат во името на Дарма. Како е можно? Не може да биде. Не е во ред.

И тоа што се прави е погрешна работа. И пак ќе речам дека внатре во нас сето ова го работи злобата. Сега, дури и оваа твоја злоба е просветлена од твојата кундалини. Кога ќе помине низ оваа чакра, која се нарекува Агња Таа е просветлена и ти разбираш „О, што правев“? Зошто трчав како будала? За што се расправав? Освен ако не се познавате себеси не можете да ја препознаете вистината и ќе си го расипете животот во лага. Ќе си го расипете животот, животот на вашите деца. Не само ова, туку цела нација ќе биде уништена. Многу нации вака стануваат опустошени.

Значи, тоа што го има кај нас и кое е многу чисто тоа е будењето на вашата кундалини. Сега, оваа кундалини е твоја мајка. Твојата индивидуална мајка, тоа е апсолутно твоја мајка. Таа не е мајка на никој друг. На пример, твојата мајка може да има пет до шест, или осум до десет деца. Од оваа кундалини, само ти си синот, ти си ќерката. Сега, кога оваа кундалини ќе се разбуди и кога ќе се разбуди, знае сè за тебе. Внатре во неа е снимено секое нешто за вас. Што сакаш, кој беше ти? Кои се твоите проблеми?

Кои се проблемите на твоето тело? Каде, што е проблемот, се и е познато. Управувајќи го тоа, мајка ти се буди и не ти прави проблеми. Толку е изненадувачки што нема да имате ни малку мака затоа што е мајка. Кога се родивте, мајка ви ја презеде целата мака на себе. Таа не ти направи никаков проблем. На ист начин, Таа е мајка и кога ќе се разбуди не се соочуваш со мака, нема проблем и постигнуваш апсолутно поинаква состојба. И тогаш е големо изненадување што си бил таков. Сето ова беше во тебе и имаше такво богатство, беше тотално непознато. И на секој начин имаш корист.

На пример, физички, ментален, интелектуален и духовен. Овие чакри работат на сите четири нивоа. И ова функционира на сите фронтови. Нема сомнеж дека по доаѓањето во Сахаџа јога твоето здравје се подобрува и сè се подобрува. Не само ова, твојата финансиска состојба се подобрува поради благословите на Лакшми. Во нашата семја, сите оние кои станаа Сахаџа јоги повеќето од нив го подобрија својот финансиски проблем. Нивното однесување се подобри, нивните спорови се завршени и секоја работа. Бидејќи оваа моќ се шири насекаде наоколу. Секаде продира и работи. И со помош на оваа моќ, не само нашето подобрување но, доведува до посебен вид достоинствен живот.

Таков живот, гледајќи го велиме, постои таква личност. Ние би рекле вака, за светците. Денес има толку многу луѓе Во Сахаџајога и толку многу дојдоа во Сахаџајога. Причината за нејзиното ширење во толку многу земји е бидејќи еден вид депресија во сите земји еден вид разочарување и второ, многу насилство се зголеми. Меѓу оние кои мислеа дека е погрешно, се приклучија на Сахаџиога. Тие велат дека Сахаџајога се шири во осумдесет и шест земји. Иако, јас не сум била во толку многу земји, тоа е факт. Но, како што семето каде и да падне, може да прерасне во растение на ист начин, Сахаџајога се прошири. Толку е изненадувачки што луѓето од таму доаѓаат во оваа земја па дури и тие доаѓаат Во Италија, но јас се уште не отидов во нивните земји. А можеби ќе одам некогаш.

Но, нивната љубов, нивната меѓусебна љубов и меѓусебно мешање човек се изненадува кога ќе види дека има, дури и за една единствена личност. Неодамна, кога имаше експлозија на бомба во Бомбај имаше едно момче. Тој секогаш би рекол, Мајка: "не сакам да живеам мајка ми е многу лоша, вака, така". Тој би го повторувал тоа толку често, и тоа момче само почина. Оваа вест се прошири во сите земји и сите луѓе трчаа, и го дознаа тоа. Потоа, таму им рекоа дека се светци. Така тие рекоа дека ќе ви дадеме парче земја го кремираш или закопуваш мртвото тело ако сакаш, тука самиот. Таквите луѓе испратија писма таму, што бев изненадена. По ова, неодамна видов Дека Мојот брат, Баба Мама исчезна. Тој многу ги сакаше луѓето.

Толку многу луѓе испратија факсови, што не можев да ги поминам до сега. Толку многу љубов, толку добри разговори за него, луѓето пишуваа за него. Бев толку изненадена. Не би помислила дека неговата љубов толку многу се распределила меѓу луѓето. Толку многу луѓе го сакаа! Значи, целата оваа средина на љубовта во која сите те сакаат и вие исто така ќе ги сакате сите. Ова е најголемата работа за Сахаџајога дека моќта на Сахаџога, е "моќта на љубовта". И ниту една друга моќ не може да ја совлада. Нема поголема моќ од ова. Вие сте обвиткани во најголемата моќ на љубовта и секогаш сте заштитени.

Никој не може да те допре, Бидејќи Бог те сака. Кој се осмелува да оди против Него? Кој може да биде непријателски настроен кон Него? Имаме толку многу примери Така што луѓето велат: "Мајка, како бев спасен, не можам да разберам". "Како ги добив благословите? Не знам". Откако ќе ги слушнете сите овие работи, исто така се чувствувате многу среќни. Затоа што сите тие се ваши браќа и сестри сите се твои. И гледајќи на тоа, се чини дека светот ќе се промени. Ќе имаме добро време, многу добро време.

Во тоа луѓето секогаш ќе работат за голема нација, голема личност и благородна кауза. Ова мора да се случи и се случува но, сепак многу луѓе треба да се трансформираат. Трансформацијата е многу важна. и до сега живевте како човечки суштества но, дури и паднавте на пониско ниво од човештвото. Нивната трансформација е многу лесна, постигнете го тоа. Нема друг начин освен трансформација. И тоа се случува со будење на кундалини и со ништо друго. Ако некој праша "Мајка, ако го ставиме овој Мајк во вода, дали ќе работи? Не". Или, ако го запалиме, дали ќе работи?

Не! Тогаш треба повторно да го поврзете. Не мора да плаќате ништо, не мора да давате ништо но, малку време за себе. И каде и да е вашиот центар, одете и постигнете поголема длабочина. Многу луѓе го следат многу малку, и затоа не растат. Освен ако не и дадете колективна љубов Како што треба да ги наводнувате вашите растенија и дрвјата на ист начин ако не го сторите тоа, вашето растение нема да расте. Затоа Исус рекол дека некои семиња паднале на камења некои семиња паднаа на земја и умреа само таму. Но некои семиња беа такви кои паднаа и останаа во плодната земја никнаа и стана дрвја. Значи, ние не осудуваме ниту една религија, ниту се спротивставуваме на која било религија. Суштината на сите религии е нивната специјалност и постои толку силна врска во сите овие религии тоа ќе се утврди.

Многу голем радосен, удобен, таков живот вас ве чека во иднина подготвен е за вас. Разберете, ова е мојот вечен благослов за вас! Многу ми е жал што морав да зборувам на Хинди јазик бидејќи повеќето луѓе го разбираат хинди јазикот овде. И ме слушнавте многу пати на англиски јазик. Покрај тоа, открив сите медитативно сега го уживаа светот во твоето срце, мислам. И тоа беше многу љубезноод вас! Благодарам! Сега сакам да кажам дека оние кои не сакаат нивните кундалини да се разбудат, ве молиме излезете. Бидејќи ова не е натпревар и оние кои сакаат да одат на медитација вие, на некој начин создавате проблеми за нив. Значи, оние кои не сакаат да медитираат, можат да излезат.

Значи, ќе разберете не е ваша одговорност да седите тука. Дојдовте овде, во ред е, го слушавте предавањето, тоа е о. к но, ако не сакате будење на вашиот кундалини, можете да излезете. Никој нема да се чувствува лошо поради тоа. Земјата на која седите е многу Света Земја на Индија. Вашиот "Бхарат Буми" е "Јог Бхуми" Не ја знаете неговата важност. Оние кои доаѓаат од странство, тие на самиот аеродром понудија "пранами", се поклонија на оваа земја и ја допреа! И велат – - "Мајка, како овие вибрации течат во оваа земја"! Не сте свесни за тоа, но бидете свесни за тоа денес. Еднаш патував со авион. Му кажав на мојот сопруг дека стигнавме до Индија.

Ме праша: „Од каде знаеше“? Му реков: „Вибрациите течат во сите правци“. Тој се распрашал од пилотот. И тој му рече: „Да господине, леле стигнавте до Индија“. Ова е вашата Индија. И јас многу ја почитувам таа личност, а исто така ја препознавам кој е патриот. Патриотизмот е многу важен за нас затоа што, нашата земја е посебна земја. Таква земја нема никаде во светот. Ако немате почит кон вашата земја не можете да го имате вашето будење на Кундалини. Кундалините на целиот универзум се наоѓаат во оваа земја.

Тоа е толку изненадувачки, што до сега сте неуки за тоа. Но, моќта на оваа земја е голема и еден ден, цел свет ќе ни се поклони затоа што сме многу моќни. Ќе се поклонат со љубов и почит не со силата на мечот. Затоа што луѓето од оваа земја ги изедоа зрната на оваа земја. И тоа им е во крвта. Значи, „Деш Бакти“ (патриотизам) е многу важен за нас особено за Сахаџајога. Дури и луѓето кои се дојдени од странски земји имаат голема почит за Индија. Дури и тие имаат фиксирани карти на Индија на нивните места и фотографии од големите личности на оваа земја имаат поправено во сопствените куќи. И ги почитуваат сите Богови и Божици бидејќи тие живеат во нивните чакри. Значи, тоа треба да го сфатиме на начин што, се додека немаме знаење за особеностите на нашата култура и нашата земја дотогаш не можеме ни да си ја сакаме државата.

Значи, мора да мислите дека имате многу среќа што сте родени во оваа земја. Имате голема среќа што сте во оваа земја. Оваа земја е „SASYA SHYAMLA“ (Бујно зелена и богата со култури). Не можеме да кажеме ништо друго за оваа земја. Но сега, Ви кажав за Вашето будење на кундалини. Сите седат, а никој не заминал. Тоа значи дека ја сакате вашата реализација. Значи, ова е многу добра работа. И многу е охрабрувачки да се види ова. Добро!

Многу е лесно! Вие сте Индијци и седите на оваа земја. За вас тоа не е воопшто тешко. На други места рацете ми се кршат. Но, Бог им дал таква специјалност на Индијците од спиритуалниот живот така што не наоѓаат потешкотии и оваа работа се врши многу лесно. Сега,ставете ги двете раце кон Мене. Не ги затворајте очите. Ве молам, не ги затворајте очите. Само држете ги двете раце кон Мене. Сега, ве молам, постави ја левата рака кон Мене а десната рака на врвот на главата.

Ставете ја левата рака кон Мене и десната на фонтанелната коска над коската која е мека коска во детството. И движете ја раката, горе, долу, од двете страни. И проверете дали од него излегува студен или топол ветер. Ова е наречено „Спанд“. Проверете дали дува студен или топол ветер. Сега стави ја десната рака кон Мене. Велам „десно“ и „лево“ на англиски затоа што на хинди јазик, насекаде се изговара на различен начин. Спуштете ја десната рака кон Мене и со левата рака проверете го горниот дел од главата, наведнете ја главата. Свиткајте ја главата и проверете. Свиткајте ја главата и уверете се сами Дали добивате ладно или жешко ветре од вашата фонтанела коска?

Проверете! Некои го чувствуваат многу повисоко, некои го чувствуваат во различни насоки. Но вие го чувствувате тоа. Мора да го доживеете. Тоа е искуство. Без да доживеете, не треба да верувате во ништо. И сега спуштете ја левата рака кон Мене и проверете со десната рака Тоа од твојата глава, дали доаѓа ладно или жешко ветре? Сега доаѓа жешко ветре, бидејќи до сега никому не сте простиле. Треба да си простите себеси, како и на другите. Само кажи: „Мајко, на сите им простив и си простив и себеси“.

Видете, ќе се изненадите, дека ќе почне да доаѓа ладно ветре. Сега, свртете ги двете раце кон Мене. Двете раце. И обидете се да бидете безгрижни. Бидете во непромислена свест. Затоа што мислите само не прават глупави. Вие сте во непромислена свест. Сега оние што добиваат ладно ветре во рацете или прстите или студено или жешко ветре на нивните дланки или ладен или топол ветер од главата сите тие, кренете ги двете раце. Велам, оние на кои имаат ладно или топло ветре Леле! Целиот твој Делхи!

Леле...........што да кажам! Вечни благослови за сите вас! Од мое срце, велам, вечни благослови за вас! Цел Делхи го има. што друго сакате? Вечни благослови! Вечни благослови! Господ нека ве благослови сите! Сите добивте реализација. Цел Делхи, замислете!

Сега, треба да медитирате малку. Сега за тоа секаде има центри. Ќе мора да медитирате, 5-10 минути, не повеќе од тоа. И после тоа ја гледате својата состојба, како ќе бидете. Ќе почувствувате радост. Ќе бидете облеани во големиот океан на радоста. Капката ќе стане океан. Ќе уживате. Моја љубов и вечни благослови за сите! Сега сакаат да пеат песна.

Ја напишав оваа песна во дванаесеттиот век. И сега се пее во селата на Марати јазик. Велат, ќе ја пејат таа песна. Во таа песна, кундалини е наречена „Амба“ и се вели: „Амба се разбуди “. Луѓето не знаат што е тоа! Тие ја пеатво минатото толку многу години ама не знаат што пеат! што велат тие! Тоа е толку убав опис. Боже! Се исчистив, сега разбуди ја оваа 'Амба'.

Оваа „Амба“ е кундалини и разбуди ја. Анади Ниргуни Прагатали Бавани, Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи (x2) Моха Махишасура Мардана Лагони, Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (x2) Привид. Тапанзи Караваја Жарани, Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (x2) Бакта Лагуни Бав. Си Нирвани, Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (2) Bhakta Laguni ......Jog.Wa Magen. , Aicha Jog.Wa (x4) (C horus) Аи Уде Г'амбе Уде Хо! Уде Г'амбе Уде (x2) Уде, Уде, Уде, Уде, Уде, Уде, Хо! Музика ......... Двајт.

Саруни Марл. Ми Галин. Уде Баи, Уде Баи, ... (x2) Хати Бодача Женда Ми Геин. Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (x2) Бед. Рахит. Га Вариси Заин......Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (2) Бед. Рахит. Га Вариси Заин.......

(1), Jog.Wa Magen. , Aicha Jog.Wa (x4) (C horus) Аи Уде Г'амбе Уде Хо! Уде Г'амбе Уде (x2) Уде, Уде, Уде, Уде, Уде, Уде, Хо! Музика Навид. Бхактичија Каруни Наваратра, Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (x2) Каруни Нир.Кар.на Маген. Dyana.ku Putra, Ude Bai, Ude Bai, Ude Bai, Ude! (x2) Дамб. Сасара Сорин. Купутра, Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде!

(x2) Дамб. Сасара... Џог.Ва Маген. , Aicha Jog.Wa (x4) (C horus) Аи Уде Г'амбе Уде Хо! Уде Г'амбе Уде (x2) Уде, Уде, Уде, Уде, Уде, Уде, Хо! Музика Пурна Бо Дачи, Барин. Ми Парари, Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (x2) Аша Мани шанчја Парин. Ми Дарари, Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (x2) Мано Викара Карин. Кур.ванди Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде!

(X2) Амрут. Расачи Барин. Ми Дурари, Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (x 2) Амрут. Rasachi... Jog.Wa Magen., Aicha Jog.Wa (x4) (C horus) Аи Уде Г'амбе Уде Хо! Уде Г'амбе Уде (x2) Уде, Уде, Уде, Уде, Уде, Уде, Хо! Ата Саазини Жале Ми Нишанг. Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (x2) Викалпа Наварјача Соријела Санг. Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде!

(x2) Каам. Крод. Тој Содијеле Манг. Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (x2) Кела Мокарл. Марг. Ха Суранг., Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (x2) Ке ла Мокарл. ... Jog.Wa Magen., Aicha Jog.Wa (x4) (C horus) Аи Уде Г'амбе Уде Хо! Уде Г'амбе Уде (x2) Уде, Уде, Уде, Уде, Уде, Уде, Хо!

Музика Аиси Џог.Ва Магуни Тевила Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (x2) Зауни Махадвари Навас. Миа Федила, Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (x2) Ек. Јанардани Екача Декила Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (x2) Јанма Мар.наза Фера Мија Чук.вила Уде Баи, Уде Баи, Уде Баи, Уде! (x 2) Јанма Мар.наза ... Jog.Wa Magen. , Aicha Jog.Wa (x4) (C horus) Аи Уде Г'амбе Уде Хо! Уде Г'амбе Уде (x2) Уде, Уде, Уде, Уде, Уде, Уде, Хо! Сега, во обожавање на нашиот Bharat Bhoomi, ќе се пее Ванде Маатрам.

Затоа, ве молам, станете сите. Ве молам, станете, затоа што ќе пеат Ванде Маатрам. Музика Ванде Маатарам, Ванде Маатарам........... Суџалаам Сифалаам, Малајаџ Шиталам, Сасја Шјаамалам Матарам, Ванде Матарам........... Шубра Џотсна Пулакит Јаминим, Пхула Кусумита друмадал Шобхиниим, Сушасиним Сумадура Бхаашиним, Сукхадам, Варадам, Маатарам .... Ванде Маатарам....... Ванде Маатарам............. Сапта Коти Кантха Кала Кала Нинада Карале, Нисапта коти Бхуџал Дхрута кхаракар Вале, Абала кен Ма Еитх Бале Бахубал Дхариниин Намами Тариним Рипудала Вариним Матарам, Ванде Маатарам ...(2) Суџалаам Сифалаам, Малајаџ Шиталам, Сасја Шјаамалам Матарам, Ванде Матарам...........(3) Боло Ади Шакти Матаџи, Шри Нирмала деви Ки Џеј! Ки Џеј

New Delhi (India)

Loading map...