Откријте Што Е Сахаџа Јога и Експериментирајте Со Самореализацијата!

"Сахаџа Јога е систем преку кој спонтано ја добивате вашата Самореализација, вашето самоспознание, преку жив процес кој е внатре во вас. Во триаголна коска наречена ос сакрум, што значи света, лежи моќ која се крева и пробива низ фонтанелната коска, која била мека во вашето детство, а потоа на централниот нервен систем можете да ја почувствувате колективната свест. Една нова димензија се манифестира.

Целото знаење кое е достапно на оваа веб-страница, може да биде разбрано правилно откако ќе го добиете и доживеете искуството на Самореализацијата, како што е прикажано во видеото подолу. Ова знаење неможе да се возприеме преку учење или ментално анализирање, како и секое друго знаење што сте го научиле до сега. Ова ново знаење може да се добие и верифицира преку конкретно искуство на новата свест.

Тоа е знаење кое е дел од Вашата свест откако ќе отидете подалеку од менталната активност и ќе влезете во свесност без мисли. Ова е можно преку издигнувањето на Кундалини бидејќи Ве поврзува со Изворот кој создал сè и со Вашиот Дух кој е суштината на Вашето постоење.

Потоа, преку практиката на Сахаџа Јога медитацијата, ќе можете полека и стабилно да се балансирате, да воспоставите внатрешен мир. Ќе развиете разбирање и капацитет да ја користите оваа нова свест и ново знаење за себе и за креацијата. Потоа, сѐ повеќе ќе започнете да ги манифестирате квалитетите на една Реализирана душа, а по дланките и на вашиот нервен систем, ќе можете да ја почувствувате манифестацијата на сеприсутната моќ на Бог.

Ова знаење е поврзано со суптилниот систем (видете го видеото на почетната страница), коe со векови е познатo, но не билo лесно достапno за нашата свест пред појавата на Сахаџа Јога.

Видео за Самореализација

Русский | 30′

Čeština | 26′

Ελληνικά | 11′

Deutsch | 30′

English | 30′

Español | 20′

Français | 26′

עברית | 15′

हिन्दी | 23′

Magyar | 26′

Italiano | 30′

日本語 | 32′

ಕನ್ನಡ | 16′

मराठी | 20′

Nederlands | 30′

Polski | 30′

Português | 12′

Română | 31′

ภาษาไทย | 31′

Türkçe | 9′

中文 | 34′